февруари 7, 2015

Париз, 07. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Обвинителството во Монпелје вчера побара покренување судска постапка против најдобриот француски ракометар Никола Карабатиќ и за уште 16 осомничени лица за метење на првенствен натпревар од мај 2012 година.

За местење на резултатот на споменатиот натпревар се осомничен седум тогашни ракометари на Монпелје, меѓу кои браќата Никола и Лука Карабатиќ, а се товарат дека намерно го загубиле мечот против Сесон-Рен, како и дека тоа им донело заработувачка на обложувалница.

Истражните судии имаат сега рок од три месеца да одлучат за покренување судска постапка или за отфрлање на обвинението. (Крај)

извор: ОхридПрес/Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука