август 8, 2024

Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во населбата „Канео“ во Охрид, во карпа во подножјето на црквата „Свети Јован Богослов Канео“ се сместени црквите „Рождество на Пресвета Богородица“ и „Св. Петка“.

Цркваата „Рождество на Пресвета Богородица“ е еднокорабна во две нивоа: едното ниво е посветено на „Св. Петка“ и на тоа ниво има вода, а другото ниво кое е повисоко е посветено на „Рождество на Пресвета Богородица“.

Црквата ја освети, Неговото високо перосвештенство митрополит Тимотеј, ктитор е Пантелеј Митков, а фрескоживописот и иконописот се на Тони Минцов.

Света Петка, позната и како Параскева, е една од најпочитуваните светителки во православната вероисповест. Нејзината историска и религиозна важност ја прави центар на внимание за многумина, а црквите во регионот на Охрид постојано ги привлекуваат верниците, покажувајќи им го патот кон духовноста и близината со Божјата благост. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Beti Tasevska

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука