февруари 7, 2015

Охрид, 7. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Секторот за внатрешни работи од Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, ќе се вклучат во акцијата за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Република Македонија.

Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон граѓаните во поплавените региони, ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства како и со донирање преку мобилните оператори на отворените мобилни броеви 070/075/077 143-400.

Собраната хуманитарна финансиска помош, СВР Охрид како општествено одговорна институција ќе ја достави до општинската организација на Црвениот крст од Охрид а потоа ќе се дистрибуира до граѓаните чии домови се поплавени и уништени. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука