август 10, 2024

Скопје/Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, петок, 9-ти август 2024 година, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 2 се под контрола и 29 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во регионот на Охрид, активни се пожарите на Галичица каде се шири во правец од местото викано „Магаро“ кон Стење, Општина Ресен и гори нискостеблеста вегетација.

– Ниска вегетација гори и на потегот кај селата Долна Белица и Октиси во Општина Струга, потенцираат од ЦУК.

Според истиот избор, изгаснати се пожарите кај селото Косел, каде гореше ниска вегетација и кај депонијата „Буково“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука