август 10, 2024

Охрид/Струга, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Повторно бурно деноноќие во Охрид, информираат од СВР Охрид во најновиот Билтен. Регистрирани се физички пресметки, пронајдена дрога, запалени возила…

На 10-ти август 2024 година, во 03:30 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, приведено е лице од Охрид кое претходно, го нарушило јавниот ред и мир и физички нападнало дв лица од Охрид, на возраст од 25 и 22 години. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10-ти август 2024 година, во 02:30 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведени се 36-годишно лице од Калуѓерица, Република Србија и три лица на возраст од 31, 33 и 34 години од Поградец, Република Албанија. Меѓу нив, настанала вербална расправија која со брза интервенција на полициските службеници, била спречена да прерасне во меѓусебна тепачка по што, истите биле агресивни кон полициските службеници. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 9-ти август 2024 година, во 23:20 часот, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, лишија од слобода две лица од Охрид на возраст од 33 и 29 години. При претрес во нивниот дом во Охрид, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се 11 опаковки со бела прашкаста материја и поголема сума пари во разни апоени. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 9-ти август 2024 година, во 15:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на локален пат во комплексот „Горица“ во Охрид, избувнал пожар во паркиран автомобил марка „Фиат Пунто“ со ресенски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишно лице од ресенското село Царев Двор. Притоа, било опожарено и соседното паркирано возило „Шкода Фабија“ со скопски регистарски ознаки сопственост на 51-годишно лице од Скопје. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 9-ти август 2024 година, во 16:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат помеѓу струшките села Јабланица и Боровец, избувнал пожар во автомобил марка „Рено Клио“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на 27-годишно лице од селото Лабуништа. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука