август 15, 2024

Охрид/Струга, 15. август 2024 (ОХРИДППРЕС) – На 14-ти август 2024 година, околу 15:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Подмоље, патничко возило марка „Цитроен“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 26-годишна жена од струшкото село Велешта, излетало од коловозот.

– Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука