август 15, 2024

Скопје/Охрид, 15. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Законите за Охридското Езеро и Kањонот Матка и Студенчишко Блато поминаа само прво читање во Собранието, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Во врска со информацијата што вчера се појави по медиумите дека Собранието на Република Македонија на седницата одржана на ден 13-ти август 2024 година ги усвои посебните закони со кои три природни локалитетети во земјава: Охридското Езеро, Kањонот Матка и Студенчишко Блато добиваат посебен заштитен статус, информираме дека Предлог законот за прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата, Предлог законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата и Предлог законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата се во редовна постапка на усвојување и дека се поминати на двете матични работни тела на Собранието: Комисијата за транспорт, дигатална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија на Собранието на РМ, кои констатираа дека предлозите се прифатливи. Предлозите поминаа и прво читање на пленарна седница на Собранието и се во понатамошна постапка во матичните работни тела на Собранието, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука