август 16, 2024

Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е меѓу регионите во државата во кои за утре, сабота, 17-ти мај 2024 година, ќе има жолто ниво на опасност од високи температури и услови за локално невреме, стои во Метео предупредувањето на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Утре не очекува сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме. UV индексот ќе биде 8, а максималната температура во Охрид се очекува да се искачи до 33 степени.

– Од недела до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, потенцираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука