февруари 7, 2015

Барселона, 07. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Педро дефинитивно не е задоволен со својот статус во Барселона, што и самиот јавно го призна пред медумите, а тоа го вклучи алармот кај неколку Премиерлигаши кои сакаат да го донесат во своите редови.

Со доаѓањето на Луис Суарез неговата минутажа во Барса значително се намали па на крајот на сезоната најверојатно ќе ја промени средината.

Англиските медиуми пренесуваат дека најсериозен интерес во моментов покажуваат Арсенал и Ливерпул, но не е исклучено уште неколку европски гиганти да се вклучат во траката за Педро. (Крај)

извор: ОхридПрес/Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука