февруари 7, 2015

Мелбурн, 07. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На првата трка од годинашниов шампионат во Формула 1 за Големата награда на Австралија на стартот ќе се појават девет тимови.

Тимот на Катерхам е во стечај, додека одбиено е барањето на Марусија да се натпреварува со ланскиот болид.

Во овој момент на стартот на „Алберт парк“ во Мелбурн на 15. март ќе се најдат следните тимови: Мерцедес, Ред Бул, Вилијамс, Ферари, Мекларен, Форс Индија, Торо Росо, Лотус и Заубер. (Крај)

извор: ОхридПрес/Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука