септември 8, 2024

Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– Денеска ќе има преодно стабилизирање на времето. Од утре, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно и посвежо време на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 25 l/m2 за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град, особено во вторник, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука