февруари 8, 2015

Лос Анџелес, 8. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Здружението на режисерите на САД му ја додели наградата за најдобра режија на режисерот на филмот Birdman Алехандро Гонзалес Инариту.

Пред тоа, Birdman ја доби наградата и од здружението на филмските продуценти на САД.

Делото на мексиканскиот режисер ја доби престижната награда само две недели предНоќта на Оскарите“, која ќе се одржи на 22-ри февруари.

Комедијата на Алехандро Гонзалес Инариту говори за актерот (Мајкл Китон), чија кариера стагнира заради улогата на суперхеројот Birdman, која му го одбележала животот. (Крај)

извор: АФП фото: АП

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука