февруари 8, 2015

Вашингтон, 8. февраури 2015 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека ќе обезбеди 100 милиони долари како олеснување на долгот на трите најтешко погодени африкански држави од Ебола Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

ММФ исто така, објави дека подготвува други 160 милиони долари, кои ќе бидат во форма на заем.

Директорот на ММФ Кристин Лагард рече дека ќе биде формиран помошен фонд за ограничување на последиците од катастрофи, кој првично ќе обезбеди пари за помош на трите земји. Според неа, средствата ќе им овозможат на земјите да се фокусираат на предизвиците на справувањето и опоравувањето од кризата.

Со оваа иницијатива ММФ ќе стане првата мултинационална институција која ќе обезбеди помош за овие три држави, рече Лагард. „Ги повикувам официјалните билатерални кредитори – членовите на Парискиот клуб, како и оние надвор од него, да обезбедат дополнителна помош за санирање на долгот на овие земји“, додаде таа. (Крај)

извор: АФП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука