февруари 9, 2015

Охрид, 09. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Охрид ќе биде претежно облачно, ветровито и студено.

Во текот на денот ќе има услови за провејување на снег. Во доцните попладневни и во вечерните часови е најавено намалување на облачноста.

Ќе дува силен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 60 км/ч.

Ќе продолжи трендот на опаѓање на температурите.  Во Охрид максималната температура ќе достигне до 3 степени. (Крај)

извор: ОхридПрес/Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука