февруари 9, 2015

Москва/Каиро, 09. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Киев треба да ја прекине својата воена операција во источниот дел на Украина и да престане да врши економски притисок врз регионите.

– Најважниот услов за стабилизирање е итно примирје и да се стави крај на операциите во југоисточниот дел на Украина, изјави Путин во интервју за египетскиот државен весник “Ахрам”, пред почетокот на дводневната посета на Каиро.

Путин изјави во интервјуто дека повтореното насилство во источниот дел на Украина е одговор на “државниот удар” во кој, со помош на западот, демонстрантите минатата година ја соборија владата на претседателот Виктор Јанукович.

Заменик-шефот на рускиот министер за надворешни работи, Григориј Карашин, ќе замине во Берлин, каде ќе се сретне со претставниците на Русија, Украина, про-руските сили и ОБСЕ. (Крај)

извор: ОхрисПрес/Reuters фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука