февруари 9, 2015

Париз, 9. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според француските медиуми доколку сака во летниот преоден рок да го донесе фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати,Арсенал ќе треба да одвои 54 милиони евра.

Верати потпиша нова пет годишна соработка со клубот а сумата за откупната клаузула на италијанскиот репрезентативец доаѓа директно од францускиот состав.

Арсен Венгер е подготвен да се раздели со Фламини и Артета се со цел да се направи место во средината на теренот.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука