февруари 10, 2015

Охрид, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Филип Василески – Четкар,  успешно се искачи на највисокиот врв во Јужна Америка Аконкагва.

Василески и неговиот роднина Стефан Стојановиќ од Белград го освоија највисокиот врв на Андите, висок 6.962 метри, воедно и највисокиот врв на јужната хемисфера. Двајцата се искачија комплетно самостојно без поддршка на некоја експедиција и водич.

Филип имаше претходно еден обид за искачување на Аконгагва, но тој беше неуспешен. Ги има освоено врвовите Елбрус (5.642 м) и Килиманџаро (5.895 м),  оваа година планира да го освои и врвот Денали (6.194 м), заедно со Илина Арсова. (Крај)

извор: karas4training.com фото: karas4training.com

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука