февруари 10, 2015

Скопјe, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Љубителите на џез музиката утревечер ќе имаат можност да уживаат во она што ќе го понуди Триото од Тони Китановски во клубот Jazz Inn – Skopje.

Хуманитарниот Концерт е по повод да се соберат финансиски средства за помош на настраданите во поплавите што ја погодија нашата држава.

– Сите собрани средства ќе ги донираме на една од отворените жиро сметки од црвен крст за помош на населението кое е опфатено од поплавите. Влезница нема да се наплаќа, но на самиот влез може да донирате самоиницијативно во картонската каса означена со симболот на Црвен Крст. Не е задолжително, но е пожелно, порачуваат од Jazz Inn – Skopje.

Триото на Тони е составено од:

Тони Китановски – гитара
Виктор Филиповски – тапани
Кирил Туфекчиевски – бас

Концертот ќе биде со почеток во 21 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука