февруари 10, 2015

Скопје, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Националната галерија на Македонија – објект Мала Станица, ќе организираат ревијална „Годишна изложба“ во чест на Милош Коџоман.

Во склоп на ревијалната изложба годинава ќе се реализира и посхумна поставка во чест на сликарот Милош Коџоман.

Милош Коџоман е син на струшкиот сликар Ванѓел Коџоман. Милош почина на 21-ви ноември 2014 година во Скопје. Тој е припадник на новата генерација уметници што се појавиле во почетокот на 70-тите години на минатиот век.

Изложбата ќе биде отворена на 12-ти овој месец, четврток, во 20:00 часот. Изложбата се организира како настан по 61 пат, на која ќе бидат претставени дела на 83 автори-членови на Друштвото.

Уметничкиот Совет на ДЛУМ по повод ревијалната „Годишна изложба“ на отворањето ќе додели признанија од областа на ликовната уметност, од кои најзначајни се наградите „Нерешки мајстори“ за сликарство и скулптура. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука