февруари 10, 2015

Лос Анџелес, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Славното музичко семејство Бијонсе и Џеј Зи планираат да издадат заеднички албум во текот на оваа година.

– Двојката веќе започна со работа на новиот албум, откри продуцентот Ноел Фишер. „Во моментов работам на неколку нови проекти, кои не сакам да ги откријам. Работам и заедно со Бијонсе и Џеј Зи на нешто заедничко оваа година“, изјави тој.

На годинешните награди „Греми“ сопружниците добија статуетка за нивната заедничка песна „Drunk In Love“. (Крај)

извор: ОхридПрес/Stars фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука