февруари 10, 2015

Нови Сад, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Авторите на официјално најголемиот европски хит за минатата година, британскиот состав Clean Bandit, на барање на многубројната публика, на 9. јули ќе настапи на главната бина на „Егзит“.

Песната „Rather Be“, со која во неделата освоија и „Греми“ награда за најдобар денс хит, прогласена е и за најмногу стримувана во 2014. година, оставајќи го зад себе дури и хитот на (Pharell „Happy“.

Истата вечер 15. роденден на фестивалот на Петроварадинската тврдина ќе го одбележи еден од неговите „основачи“ Roni Size. Иконата на драменбејс музиката ќе настапи во живо со култната супергрупа Reprazent и ќе ја отвори листата на изведувачи за овогодинешната X-Bass програма, која „Егзит“ ја реализира во соработка со глобалниот музички бренд UKF.

Новата голема дабстеп ѕвезда Zomboy на 12. јули ќе продолжи онаму каде што изминатата година Skrillex високо го постави скалилото, а програмата на главната бина по полноќ ќе ја засили и една од водечките дами на бејс музиката Hannah Wants. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука