октомври 24, 2014

Струга, 24. октомври 2014 (ИНРПЕС) – Проектот „е-ENGAGEMENT” за инволвирање на младите во информатичкото општество во организација на Младински Сојуз, а со поддршка на фондацијата е-Македонија, од 31-ви октомври до 2-ти ноември ќе се организира во Струга.

Проектот ќе започне во Куманово, а потоа продолжува во Струга, Штип и Кавадарци.

Главна цел е зајакнување и охрабрување на младите луѓе за користење на дигиталните вештини, нови идеи и алатки кои ќе им овозможат да бидат што повеќе вклучени во решавање на општествените прашања кои влијаат врз нив. Проектот ќе опфати циклус од едукативни работилници во четири градови низ Македонија.

– Проектот има за цел да ги промовира предностите и придобивките од информатичките и комуникациските технологии помеѓу младите луѓе со посебен акцент на агажманот во информатичкото општество, информираат од Младински Сојуз.

На работилниците ќе присуствуваат по 20 млади активни и амбициозни луѓе, кои се спремни да ги искористат стекнатите знаења од дигиталните вештини за понатамошно делување во општеството. (Крај/М.М.)

извор: Супер радио фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука