февруари 12, 2015

Барселона, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Барселона ја продолжија својата победничка серија, и на синоќешниот прв 1/2 финален меч во шпанскиот кралски куп на „Камп Ноу“ славеа над Вилјареал со 3-1.

Триумф на каталонците можеше да биде и поубедлив, но Бразилецот Нејмар не реализираше удар од белата точка во 71-та минута.

Реваншот на стадионот „Ел Мадригал“ ќе се игра на 2-ри март, а во второто полуфинале синоќа Атлетик Билбао и Еспањол изиграа 1-1. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: Б92

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука