февруари 13, 2015

Минск, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Резултатите од преговорите во Минск ги примаме со претпазлив оптимизам и сметаме дека сето тоа ќе зависи од практичната примена на постигнатите договори, изјави по вонредниот самит претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Тој најави дека запирањето на огнот треба да се почитува и дека треба да се види реалната деескалација на конфликтот.

– Ние ќе бидеме подготвени за секакви настани – добри или лоши. Фокусот ни беше како да го поддржиме спроведувањето на договорите. Ако тоа не се случи, нема да се забави усвојувањето со потребните чекори, рече Туск.

Самитот на ЕУ заврши, а беше разгледувано прашањето за заострување на санкциите против Русија. Режимот на санкции против Москва останува непроменет. (Крај)

извор: ОхридПрес/bgnes фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука