февруари 13, 2015

Скопје, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Скопје беше презентиран промотивниот спот за алтернативен туризам во општините Вевчани, Охрид, Дебрца и Струга, кој ќе биде прикажан на националните и локалните телевизии.

Активностите се дел од проектот „Кон алтернативен туризам“ во рамките на кој покрај видео спотот предвидено е обележување и уредување на повеќе туристички локации во регионот. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија како дел од третиот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија.

Организатор на промоцијата беше Македонската развојна фондација за претпријатија.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука