февруари 13, 2015

Москва, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин достигна историски максимум од 74%, покажуваат резултатите од најновото истражување.

Според истражувањето, кое било спроведено на 7-ми февруари, на прашање „за кои политичари би гласале Русите, ако претседателските избори се одржат следната недела“, 74 проценти од испитаниците го посочиле токму актуелниот претседател Владимир Путин. Овој резултат е за 2 % повисок од претходната слична анкета, спроведена на 31-ви јануари.

44% од избирачите имаат „безусловна доверба“ во Путин, а 84 отсто сметаат дека тој е најсоодветен за соодветната функција.

Изборниот рејтинг на рускиот претседател порасна во текот на минатата година. Во периодот февруари-март 2014 година, по превратот во Украина и обединување на Крим и Севастопол со Русија, рејтингот на претседателот е зголемен за 30 процентни поени. Во последните шест месеци неговиот рејтинг нема паднато под 70 %. (Крај)

извор: ОхридПрес/ИТАР-ТАСС фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука