февруари 14, 2015

Истанбул, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Преземените реформи од владата во Турција да се зголеми влијанието на религијата во училиштата предизвика бунт кај илјадници наставници и ученици во земјата.

Покрај бојкотот на часовите, илјадници ученици излегоа на протести во неколку турски градови, повикувајќи на секуларен и базиран на науката образовен систем. Полицијата веднаш презема активности за редукција на демонстрантите во градот Измир, користејќи водени топови. Според турските медиуми, најмалку 10 лица се приведени во пет турски градови поради бојкотот. Протести има во Истанбул, Анкара, Измир, Едрене, Артвин, Анталија и Ескишехир.

Во последниве години владата ја ублажи забраната за носење шамии и го зголеми бројот на верските училишта и класи. (Крај)

извор: ОхридПрес/АП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука