февруари 14, 2015

Минс, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Лидерите на земјите од Г-7 излегоа со заедничка декларација, распространета од прес-службата на францускиот претседател.

Од декларацијата станува јасно дека постигнатите аранжмани во белоруската престолнина Минск се шанса за мирно решение на кризата во источна Украина и се закануваат со последици, ако тоа биде нарушено. Земјите од Г-7 изјавуваат исто така, дека ги следат со загриженост состојбите во Донбас и Дебалцево. Им препорачуваат на сите страни во конфликтот да се воздржат од акции кои ќе го попречат мирот.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изрази мислење дека постигнатото дава надеж за политичко решавање на конфликтот во Донбас. (Крај)

извор: ОхридПрес/АФП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука