февруари 16, 2015

Њујорк, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Најдобата петторка од Западната конференција во НБА-лигата ги победи колегите од Истокот со 163-158, синоќа на Олстар-натпреварот во „Медисон Сквер Гарден“, поставувајќи нов рекорд по ефикасност на овој меч.

Натпреварот изобилуваше со многу атракции и блескави моменти, а шоумен на вечерта беше Расел Вестбрук кој постигна 41 поен и заслужено го доби признание за МВП на вечерта.

Со синоќешната победа тимот на Западот го намали негативниот скор на вечната листа на Олстар-натпревари со Истокот и сега резултатот е 27-37. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: Б92

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука