февруари 17, 2015

Будимпешта, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Околу 2.000 луѓе се собраа синоќа во Будимпешта на протест против денешната посета на рускиот претседател Владимир Путин.

Демонстрантите носеа транспаренти со натписи: “Не на Путин, да на Европа”. Тие се изјаснија против зголемувањето на трговските врски меѓу двете држави и особено во областа на енергетиката и гасните испораки од Русија за Унгарија.

Путин денеска ќе биде примен од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Ова е прва посета на рускиот шеф на државата во земја на Европската унија од јуни 2014 година.

При претходната посета на Путин во Будимпешта тој потпиша со Орбан договор за 12,5 милијарди евра за изградба на два руски нуклеарни реактори во Унгарија.

Унгарија сака да се откаже од практиката на долгорочните гас договори со Русија поради непредвидливте цени на енергенсите. (Крај)

извор: Газета.ру фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука