февруари 17, 2015

Токио, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Два силни земјотреси ја потресоа Јапонија.

Првиот бил со интензитет од 6,9 степени по Рихтер, а вториот силен земјотрес со интензитет од 5,7. Епицентарот на првиот потрес со интензитет од 6,9 беше на остров Хоншу, на длабочина од 10 километри.

Епицентарот на вториот потрес, со интензитет од 5,7, бил во префектурата Ивата, на длабочина од 50 километри. Помеѓу двата потреси имало и слабеење со магнитуда до 4.0 степени по Рихтер.

Не е издадено предупредување за цунами. (Крај)

извор: Ројтерс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука