февруари 18, 2015

Охрид, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Наредниве денови со потпишување на договор ќе се официјализира воспоставувањето на директната авио линија Охрид- Лондон и обратно.

Компанијата „Виз Ер“ ќе оперира до лондонскиот аеродром и таа согласно условите во тендерот е обврзана да го промовира Охрид низ светов и да донесе одреден број странски туристи кај нас.

Охрид преку директни авио линии се поврзува со Европа и останатиот дел од светот. Од први јули се воведуваат линии Охрид Базел и Охрид – Лондон со кои ќе оперира Виз ер Македонија, а најверојатно по поволни цели ќе се патува и до Истанбул.

Со воведувањето на овие три линии ќе заживее туризмот и локалниот економски развој во градот.

Овие авио линии ќе бидат субвенционирани во перод од три години во договорот авио компанијата се обврзува да донесе одреден број на туристи, а исто така и на сите дестинации каде летаат нивните авиони да биде промовиран градот Охрид. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука