февруари 19, 2015

Дебалцево, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Проруски сепаратисти најавија целосна контрола над клучниот украински град Дебалцево.

Тие го подигнаа знамето на Новорусија врз една од највисоките згради на градот.

Ова се случи откако украинската армија се повлече. Советот за национална безбедност и одбрана на Украина одлучи да се замоли ОН и Европската унија за распоредување на мировен контингент во зоната на конфликтот во Донбас.

Во меѓувреме, Москва беше „бомбардирана“ од прекорувања. Велика Британија шири слики дека во источна Украина дејствувал најнапреден руски анти-авионски-ракетен систем. (Крај)

извор: РИА Новости фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука