февруари 19, 2015

Базел, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Реал Мадрид со едната нога се во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако синоќа на првиот меч од нокаут фазата славеа со 2-0 на гостувањето кај Шалке 04.

Актуелниот шампион на Европа до водство дојде со голот на Кристијано Роналдо во 25-та минута, а конечната победа ја обезбеди Марсело во 79-та минута.

На вториот синоќешен дуел, Базел и Порто одиграа нерешено(1-1) па реваншот ќе треба да одлучи околу патникот во следното коло.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: Б92

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука