февруари 19, 2015

Букурешт, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Според пишувањето на романските медиуми ,обвинителство во оваа земја ги истражува обвинувањата дека мечот од квалификациите во ЛШ помеѓу Динамо Букурешт и Лацио, одигран во 2007 година, бил наместен.

Првиот натпревар од третото коло одигран во Рим завршил 1-1, а во реваншот во Букурешт, Лацио иако губел со 1-0 на крајот победил со 3-2.

Подоцна Лацио во сезоната 2007/2008 натпреварите во ЛШ ги завршил во групната фаза.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука