октомври 31, 2014

Скопје, 30. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Големо скопско затворање на проектот “Македонско девојче со Каролина Гочева” ќе се случува во салата „Борис Трајковски“ на 13-ти декември.

После распродадените шест последователни концерти во Македонската Опера и Балет и распродадените концерти во Крушево, Македонска Каменица, Битола, Охрид… проектот пред да се рашири надвор од Македонија се враќа во Скопје каде финално ќе биде затворен на 13ти декември со голем концерт во Борис Трајковски.

На овој концерт Каролина ќе ги изведе повеќето песни од двата албума „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2“ заедно … еден различен концепт од концептот виден во Македонската Опера и Балет во февруари оваа година.

Влезниците со основна цена од 600 денари ќе бидат пуштени во продажба од 10-ти ноември. Со секоја купена влезница следува подарок ДВД од антологиските концерти во Македонска Опера и Балет. (Крај)

извор: Охридпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука