октомври 31, 2014

Берлин, 31. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Директорот на Мерцедес Тото Волф изјави дека еден од приоритетите на тимот е да се продолжи соработката со пилотите Луис Хамилтон и Нико Розберг.

Луис Хамилтон е прв во генералниот пласман на возачите со 291 бод, додека Нико Розберг е втор со 274 бода. Тимот на Мерцедес веќе ја освои титулата и е убедливо прв на листата кај конструкторите со 565 бодови.

Имаме договори со двајцата возачи до 2015 година. Сакаме и понатаму да продолжиме во овој состав, затоа што овие пилоти се дел од успехот на тимот. Затоа наш главен приоритет е продолжување на нивните договори, изјави Волф. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука