февруари 20, 2015

Лондон, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Својата програма како кандидат за претседател на ФИФА на „Вембли“ ја претстави поранешниот португалски фудбалер Луис Фиго.

Португалецот истакна дека има идеја како парите од профитот на ФИФА да го врати на нејзините членки, што значи дека секој сојуз во период од четири години би добил помеѓу осум и десет милиони долари. Фиго сака во иднина на светските првенства да учествуваат од 40 до 48 репрезентации наместо сегашните 32.

Покрај Фиго, во трка за прв човек на ФИФА се уште и актуелниот претседател Сеп Блатер, јорданскиот принц Али Бин Ал Хусеин и претседателот на Фудбалската федерација на Холандија, Михаел Ван Праг.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука