октомври 31, 2014

Лондон, 31. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Капитенот на Ливерпул Стивен Џерард најави дека би можел да го напушти „Енфилд“ на крајот на сезоната, ако клубот не му понуди нов договор.

Џерард се ближи до својот 700. сениорски настап, а догoворот му истекува на крајот на сезоната.

– Како што стојат сега работите, овде сум до крајот на сезоната и сакам тоа максимално да го искористам. Сигурно нема да се повлечам, ќе играм и следната сезона. Ќе мора да почекаме и да видиме дали тоа ќе биде во Ливерпул или во некој друг тим. Сега одлука треба да донесе Ливерпул. изјави Џерард. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука