февруари 20, 2015

Киев, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Четвртата фаза од мобилизацијата во украинската армија е исполнета над 80 проценти.

Ова го објави на прес-конференција во Киев висок функционер на Министерството за одбрана, Сергеј Галушко.

Четвртата фаза на мобилизацијата започна на 20 јануари.

Галушко додаде дека фазата ќе заврши целосно во следните два месеци. (Крај)

извор: БГНЕС фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука