февруари 21, 2015

Вашингтон, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатата недела, како резултат на ниските температури и силните снежни врнежи во САД загинаа 23 лица, соопшти CNN.

Осумнаесет од жртвите се во Тенеси каде близу 2.700 лица останале без електрична енергија поради лошите временски услови.

Во текот на следните два дена, метеоролозите прогнозираат уште снег, како и влажен снег и дожд. Властите советуваат жителите да го исчистат снегот од покривите на куќите, за да не подлегнат под тежината. (Крај)

извор: CNN фото: АП

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука