февруари 22, 2015

Рио де Жанеиро, 22. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Третиот тенисер на светот Рафаел Надал загуби од Фабио Фоњини со 1:6, 6:2 и 7:5 во полуфиналето на турнирот од Серија 500 во Рио.

Со тоа беше прекината извонредната низа на Шпанецот од победи во полуфиналните натпревари на АТП турнирите на земја.

Фоњини за титулата ќе игра со Давид Ферер, кој претходно во два сета беше подобар од Андреас Хајдер-Маурер. Надал, кој во завршницата на натпреварот се жалеше на грчеви во мускулите, од понеделник ќе падне на четвртата позиција на АТП листата.

– Среќен сум поради победата. Го совладав најдобриот играч на оваа подлога. Со Рафа е секогаш тешко, но од вториот сет играв навистина добро, изјави 28-годишниот Фоњини, кој ќе се бори за четвртиот трофеј во кариерата. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука