февруари 22, 2015

Лондон, 22. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ако не беа судиските грешки во натпреварите со Тотенхем, Саутемптон и други, предноста пред Сити ќе беше барем 12 поени, изјави менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо за Sky Sports.

Вчера лидерите во Премиер лигата играа нерешено со Барнли, што им овозможи на „граѓаните“ да се приближат на само 5 поени од врвот. Мурињо има право да е незадоволен по средбата, откако судијата Мартин Еткинсон не му покажа директен црвен картон на Ешли Барнс за бруталниот старт врз Немања Матиќ, а потоа го казни српскиот фудбалер поради неговата жестока реакција.

– Дури не можам да најдам зборови да се опише она што го направи овој играч. Матиќ очигледно имаше причина да реагира на овој начин. Кои можат да бидат последиците од туркање? Никакви. За Матиќ стартот можеше да значи крај на неговата кариера, коментираше Мурињо.

– Ако не беа судиските грешки во натпреварите со Тотенхем, Саутемптон и други, предноста пред Сити ќе беше 12 поени. Ако судијата не може да ги види прекршоците на три метри од него, тогаш друг судија пред екранот ќе ги види. Ако сакаме да го зачуваме интегритетот на судиите, технологијата може да помогне, додаде тренерот на „сините“. (Крај)

извор: Sky Sports фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука