февруари 22, 2015

Барселона, 22. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Возачот на Ф1 тимот на Мекларен Фернандо Алонсо доживеа незгода за време на тестирањата во Барселона, по што со хеликоптер бил префрлен во најблиската болница.

Двојниот шампион удри во ѕид со неговиот болид, но според првичните информации повредата не е тешка, затоа што тој во свесна состојба бил префрлен во болница.

– Се чини дека се` е во ред, изјавија од Мекларен, а нешто подоцна истото го потврди и неговиот менаџер на Твитер: „Фернандо е во ред и е свесен. Ви благодарам на сите за интересот, немам повеќе информации“.

Инцидентот се случи непосредно пред паузата за ручек на неделното тестирање. Во моментов нема информации дали се работи за грешка на Алонсо или проблем со болидот. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука