октомври 31, 2014

Охрид, 28. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Свежи се сеќавањата на охриѓани дека СДСМ – Охрид поради неплатен месечен надомест – кирија беше протерана од  просториите на бул. „Туристичка“ за повторно привремено решение да најде во просториите на улица „Партизанска“, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на изнесеното на денешната прес конференција на ОО на СДСМ од Охрид.

– Сосема е јасно дека СДСМ е невозможно да води град, а уште помалку држава ако се земе во предвид фактот дека  таа не е способна да си обезбеди ни свои партиски простории. ВМРО-ДПМНЕ изразува жалење што гневот од тоталниот политички пораз СДСМ го фрла на товар на граѓаните на Охрид затоа што исмевајќи ги капиталните проекти од областа на инфраструктурата кои со средства од Светска Банка ќе ги гради општина Охрид, директно ги навредува нив, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај/ВМРО-ДПМНЕ)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука