февруари 24, 2015

Охрид, 24.февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Стопанската комора на Македонија во мај ќе организира конференција во Охрид на која ќе учествуваат над 200 најголеми бизнис-лидери на Балканот.

Овој голем настан според најавите ќе се фокусира на железницата како можност за зголемување на проодноста на коридорите 8 и 10.

Оваа година не само во Македонија, туку и во целиот регион е прогласена за година на конкурентност. Стопанската комора ќе биде седиште и на двата конзорциума кои во текот на наредните години ќе работат на подобрувањето на протокот на стоки и услуги на коридорите 8 и 10 како клучни во овој регион.(Крај)

извор:ОхридПрес  фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука