февруари 24, 2015

Доха, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Периодот од крајот на ноември до крајот на декември е најповолни за одржување на Светското првенство во фудбал во 2022 година во Катар, соопштија од ФИФА.

Претставниците на организацијата порачаа дека периодот е одбран за да се избегне жештината и временските услови најмалку да им пречат на националните тимови.

Сите шест конфедерации ја поддржале целосно идејата за овие датуми за одржување на Мундијалот. Серпак, конечна одлука ќе биде донесена за време на седницата на Извршниот комитет на ФИФА на 19-ти и 20-ти март во Цирих.

– Ние сме задоволни што по темелното разгледување на различните мислења и деталната дискусија со сите учесници, го донесовме најдоброто решение за календарот на одржување на меѓународните натпревари во периодот 2018 – 2024 година. Тоа не беше лесна задача и јас би сакал да им се заблагодарам на сите членови за нивната продуктивна работа и предлози, кои помогнаа да се најдат вистински решенија, објави претседателот на Азиската фудбалска конфедерација Салман бин Ебрахим ал Калифа.

Во меѓувреме беше објавено дека Светското првенство во Катар во 2022 година ќе се одржи во периодот од 26-ти ноември до 23-ти декември. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука