февруари 24, 2015

Лондон, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Легендата на Арсенал Тиери Анри ја пофали играта на Кристијано Роналдо, но истакна дека Лионел Меси е далеку подобар играч.

Роналдо претходно втор пат по ред ја освои Златната топка, но пред него Меси тоа го правеше последователни четири години. Според Анри, иако Роналдо во текот на последните две години имал повеќе успех, Аргентинецот сепак е подобар играч.

– Играв со Лео и тој е мојот избор ако ме прашувате кој е подобар. Имам огромно почитување и за Кристијано, но едно е да се има добра сезона, а нешто сосема друго е да се игра на високо ниво од година во година, истакна Анри. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука