февруари 25, 2015

Струга, 25.февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Советот на општина Струга утре ќе ја одржи 24-тата седница на чиј дневен ред ќе се најдат 20 предлог-одлуки.

Советниците ќе расправаат за Стратегијата за млади за периодот од 2015 до 2020 година. Целта на овој документ е да се поттикне младинскиот активизам и да се унапреди соработката помеѓу младите.

На дневен ред ќе се најдат и предлог одлуките за усвојување стратегии за развој на образованието и за социјална заштита на граѓаните. Ќе се расправа и гласа за предлог-програма за работа на Советот за превенција на детско престапништво.

Дел од точките што ќе бидат поставени на утрешната седница се однесуваат на работата на локалните јавни претпријатија. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука