февруари 25, 2015

Лондон, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва ќе се одиграат последните два меча од првиот круг натпревари од нокаут фазата.

Во Лондон Арсенал го пречекува францускиот претставник Монако, а според тренерот на „топџиите“ Арсен Венгер, на мечот нема да падне повеќе од еден гол бидејќи неговиот тим ја дочекува најцврстата одбрана во ЛШ.

На вториот вечерашен дуел во Леверкузен, Баер го пречекува актуелниот шампион на Шпанија, Атлетико Мадрид. И двете средби започнуваат од 20:45 минути. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука